Од оваа сезона во регионалното музичко на „Ѕвездите на Гранд“ во жирито наместото на Јелена Карлеуша дојде Цеца Ражнатовиќ.
Нејзиното доаѓање во регионалното музичко шоу не престанува да се зборува, а во истото засега ќе се задржи три години.
Ѓорѓе Давид кој веќе неколку години е во жирито на музичкото шоу, откри како се вклопила Цеца и колку е рејтингот на музичкото шоу.
„Цеца донесе некоја друга димензија на шоуто. Брзо дознавме колку е резулатот на тоа. Гледаноста се качи за 48% откако дојде Цеца“ изјави Ѓорѓе и додаде:
„Сите наши сомнежи паднаа во вода. Таа во втората емисија веќе започна да не „шие“. Цеца е голема ѕвезда, ти можеш да ја слушаш нејзината музика, но таа има и фантастично однесување“.
Ѓорѓе Давид откри дека Ражнатовиќ реагира на кавгите во жирито онака како што треба.
„Јас и Марија се трудиме да распалиме, но таа се брани, но мислам дека ќе попушти. Предрасудите се најлоша работа која може да му се случи на човекот“ изјави Ѓорѓе Давид за „Ред зоне“.
За потсетување, Јелена Карлеуша ги напушти „Ѕвездите на Гранд“ бидејќи сака да се посвети на издавање на својот нов албум.
фото: Инстаграм/цеца ражнатовиќ/ѓорѓе давид