Радио Милева за колешката

Снежана Ѓуришиќ ги прокоментира кавгите на Цеца Ражнатовиќ во „Ѕвездите на Гранд“: „Знае фино да одговори“

Снежана Ѓуришиќ ги прокоментира кавгите на Цеца Ражнатовиќ во „Ѕвездите на Гранд“: „Знае фино да одговори“

Од самиот почеток се коментира доаѓањето на Цеца Ражнатовиќ во „Ѕвездите на Гранд“.

Од емисија во емисија станува се повеќе напнато, но настануваат и конфликти меѓу членовите на жирито. Снежана Ѓуришиќ вели дека нејзината колешка одлично се снаоѓа.

„Само една личност е нова во жирито. Рејтинзите покажуваат се, нема тука дискусија. Никој не е обврзан да биде тука од самиот почеток, па се до крај. Цеца се однесува онака како и што очекувавме. Јас воопшто не се сомневав дека ќе има некој проблем. Освен тоа што одлично се снајде кога се во прашање кандидатите, не дава на себе. Што би кажале луѓет, знае убаво да одговори,така да не е проблем“, изјави Снежана во „Гранд магазин“.

Ѓуришиќ е дел од жирито на продукцијата, па како што навива за кандидатите, така навива и кога се во прашање конфликитете меѓу Цеца и Саша.

„Саша  Поповиќ сега има улога на судија. Кога е во прашање нивен конфликт, Саша најчесто губи. Добро, и тој е џентламен, па и попушта на дамата“ вели пејачката низ насмевка.

фото: З.К. Муња/ инстаграм/снежана ѓуришиќ/цеца ражнатовиќ

To top