Вистинската кавга се случила на „Суначане скале“ во 2004 година. За таа прилика, Ана Николиќ и Емина Јаховиќ облекле исти фустан. А неколку часа пред самиот настан Емина трчала низ Будва да најде нова креација.
А во тоа време било незамисливо две пејачки да се појават во ист фустан.
Најголем стрес доживеала Емина која настапувала веднаш по Николиќ.
Ана се појавила во креација на Роберто Кавали и ја отпејала песната „Сречан ми не долази“, а на генералната проба исти фустан носела и Емина која требала да настапи веднаш по Ана со песната „Узалуд се будим“.
Бесната Емина неколку часа пред настанот излегла од салата и низ цела Будва барала нова креација со која ќе биде оригинална и подобра од Николиќ.
Тогаш медиумите со денови пишувале за овој скандал, а Јаховиќ и ден денес не и простила на Николиќ и поради тоа не зборуваат со години.