Радио Милева некогаш

На сцената е од 2004 година, но во вакво издание ретко кој ја памети: Погледнете како изгледаше Тања Савиќ како русокоса

На сцената е од 2004 година, но во вакво издание ретко кој ја памети: Погледнете како изгледаше Тања Савиќ како русокоса

Пејачката Тања Савиќ на музичката сцена е од 2004 година кога се појави во првата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ каде што освои трето место.

Отогаш па досега, пејачката често го менуваше својот изглед. Некогаш носеше кратка, а сега има долга коса, а своевремено пејачката беше и русокоса.

На социјалните мрежи сега се појави фотографија од времето кога пејачката беше русокоса, па можеби повеќето не се сеќаваат на тој период.

Инаку, Тања откако се омажи за сопругот Душан и се пресели во Австралија некое време се повлече од јавноста. Меѓутоа, пејачката претходната година доживеа вистинска драма кога нејзиниот сопруг без нејзино знаење ги однесе децата во странство, па Тања ги немаше видено повеќе од една година.

Меѓутоа, судот во Австралија пресуди во корист на пејачката, таа ги врати децата во Србија, а и нејзината агенда е полна со настапи.

фото: Дејан Живанќевиќ

To top