Во последната емисија на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ настапуваше и Љупка Арсовска (21) од Неготино.
Љупка се претстави со песните „Доџи“ и „ Фаворито“ и освои вкупно четири гласа, односно од Ана Бекута, Цеца Ражнатовиќ, Ѓорѓе Давид и Вики Миљковиќ.
Ана Бекута истакна дека и се допаѓа тоа што македонската кандидатка пеела со насмевка на лицето.
„Слушнав дека пее низ насмевка и мислам дека е едно ведро и позитивно сушество“, истакна Бекута.
Босанац потенцираше дека би сакал да и даде глас, но нема поради тоа што не ја преферира новата музика.Марија Шерифовиќ не и даде глас на македонската кандидатка и истакна дека не и се допаднало нејзината интерпретација.
Меѓутоа, кога дојде на ред да коментира Цеца Ражнатовиќ, во студиото настана хоас, па пејачката се скара со колегите.
Имено, додека Цеца коментираше, Марија и Босанац зборуваа меѓусебе. Поповиќ го чепна жирито велејќи дека Босанац намерно коментира кога Цеца зборува.
„Јас точно гледам дека кога ти коментираш, Босанац намерно зборува од страна“, изјави Саша.
„Не, јас него Марија“, се бранеше Босанац.
„Те минира“, изјави Поповиќ, а Ражнатовиќ не беше должна и веднаш одговори:
„Тешко дека може да ме минира, тој веќе е распарчосан“.
„Босанац, за што се работи?“, се вмеша Марија Шерифовиќ, а Цеца и одговoри: „Замочли жено, да кажам и јас една реченица“.
Ѓорѓе Давид истакна дека Аросвска треба да модерна пее нова музика како што се песните на „Hurrucane“, Едита Арадиновиќ, Сара Јо и други.
Ана Бекута ќе биде ментор на Македонката, а како ќе ја подготви во следниот круг останува да видиме.
Инаку, оваа сезона во регионалното музичко во првите кругови се натпреваруваат кандидати кои досега никогаш не се појавиле во музичкото шоу.
Настапот на Љупка може да го погледнете во видеото подолу на:
40:02минути.
фото: З.К Муња/принтскрин/јутуб/звезде гранда