Речиси една недела главна тема во јавноста е наводниот физичкиот напад на Лука Лазукиќ врз неговата сопруга, пејачката Наташа Беквалац.
Лука се појави во неколку медиуми и демантираше дека тој ја нападнал сопругата, се бранеше велејќи дека се што пишува во медиумите не е вистина, тој не ја нападнал Наташа, а модринките и се од антицелулитни масажи.
Бекавалац досега не се појави во медиумите да даде изјава, но во нејзина одбрана застанаа нејзините родители.
Така, нејзината мајка вечера се јави во живо во емисијата „После ручек“ и кажа што се случило.
Таа истакна дека уште кога го запознала Лука тој бил некултурен и рекол дека не сака да има контакт со неа.
Во продолжение слушнете што кажа мајката на пејачката.
Од друга страна, татко и на Беквалац гостуваше во емисијата „Да може не“, каде кажа што и раскажала ќерката.
фото: Принтскрин/ртс
– Тој лежел во собата мртав пијан, не успеала да го пробуди, го погледнала телефонот и се јавиле сомнежите. Во телефонот пронашла љубовни пораки од три разчлични девојки, по што започнала уште повеќе да го буди. Тој станал, мамуран, ја навредувал и се случи тоа што се случи. Прво и удрил тупаница во лице, ја влечел за коса, паднала 2 -3 пати на земја, а кога успеала да побегне во собата кај бебето, тој продолжил да спие, вели таткото на Наташа и додава:-
– Утрото околу 9ч си направил кафе. Откако го испил, отишол во собата кај сопругата, го бакнал бебето, сакал да ја бакне и неа, но таа не му дозволила. Почнал да го напушта станот, а Наташа не го задржавала.
фото: Е Стоцк
Сега за сега, пејачката не се огласи во медиумите, но како што пренесуваат таа веќе поднела документи за развод и го сака старателството на ќерката која ја доби со Лука.