Радио Милева слободна

Судот конечно донесе одлука: По 13 години, таткото на Бритни Спирс повеќе нема да и биде старател

Судот конечно донесе одлука: По 13 години, таткото на Бритни Спирс повеќе нема да и биде старател

Бритни Спирс ја преплавиле емоции откако судот во Лос Анџелес нареди лнејзиниот татко Џејми Спирс да биде суспендиран од позицијата старател на поп starвездата.

Судијката Брена Пени му наредила на Џејми Спирс да биде отстатранет од местото старател по што Бритни Спирс е слободна по 13години.

„Моменталната сиутација не е издржлива“ изјавила судијката и додала дека ваквото однесување создава „токсична околина“.

„Бритни почна да плаче кога ја слушна одлуката. Долго време мислеше дека нема да дојде денот кога нејзиниот татко нема да има контрола над нејзиниот живот, но конечно и тоа се случи“, вели извор за „Page Six“.

„Во шок е, но скока од среќа. Ваква радост нема почувствувано 13 години“ вели изворот.

Инаку, на почетокот на септември Бритни Спирс побара да се укине 13 годишното старателство над неа.

Овластениот јавен сметководител Џон Зејбел привремено ќе го замени Џејмс. Старателката на личноста на Бритни, Џоди Монтгомери, останува одговорна. Судот му нареди на Џејми што поскоро да му ги предаде сите средства на Зејбел.

Адвокатот на Бритни, Метју Розенгарт рече дека сака прекин на старателството оваа есен. Тоа може да се случи на 12 ноември, кога судијата Пени ќе го разгледа барањето за целосен прекин.

фото: Профимедиа/тањуг ап

 

To top