Неретко знаеме да пребаруваме по албумите со стари фотографии, добро во денешно време повеќето фотографии се во дигитална форма, па ретко може да наидеме, на оние стари, некогашни албуми каде што чуваме еден куп спомени, од детството, од средношколските денови, од нашите родители, од некои други, можеби поубави времиња.
Нашите познати се активни корисници на социјалните мрежи каде што нивните профили изобилуваат со разни објави, модерни и елегантни изданија, провокативни пози, патувања, приватни детали, и по некоја фотографија од архива.
Понекогаш знаат да споделат и да се вратат неколку години наназад, да покажат како некогаш изгледале, колку се промениле, да евоцираат спомени. Изминатата година додека траеше карантинот поради пандемијата со коронавирусот, па бевме затворени дома, тие многу често објавуваа фотографии од нивното детство, нивните почетоци.
Деновиве, фотографија од архива извади и еден млад македонски пејач чија кариера е во подем и доправа започнува.
Фотографијата настанала во текот на 90тите, а тој изгледа потполно поразлично. Ќе препознаете ли за кого се работи?
„Раните 90ти, од куќа на куќа и сега викаат што не сме прибирале. Дома кај мојте братучеди“, напиша пејачот покрај описот.
Станува збор за македонскиот пејач и учесник во „Ѕвездите на Гранд“, Александар Јосифовски од Охрид. На фотографијата Александар е момчето од лево со руса косата.
Публиката го запозна Јосифовски преку неговото учество во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“. Тој учествуваше во претходната сезона и под менторство на Ѓорѓе Давид успеа да стигне до пред самото финале.
Иако не влезе во финалната емисија, Александар важеше еден од омилените кандидати и најдобриот рок преставник на сцената на „Гранд“. Тој често добиваше пофалби од жирито кои не го штедеа и истакнуваа дека ќе биде голема ѕвезда, па времето ќе покаже дали биле во право.
фото: инстаграм/александар јосифовски