Текстописецот Марина Туцаковиќ почина на 19 септември, а погребот ќе биде денес, на 29 септември 2021.
Нејзиниот син Милан Радуловиќ Лаќа се огласи и ги натажи сите со својата емотивна порака.
Марина ќе биде погребана покрај нејзиниот син Милош, а не во Алејата на заслужени граѓани. Семејството соопшти дека поради пандемијата со коронавирусот, погребот ќе биде во кругот на семејството.
Лача на денот на погребот на неговата мајка, на Твитер напиша:
„Дојде и дојде тој, по 10 дена, со татко ми и најблиските ќе ја испратиме мајка ми до она место каде што кога – тогаш сите се селиме. Ви благодарам на сите на поддршка, на грижата, трудот на мене и татко ми да ја олесните оваа реалност. Посакајте ми среќа да го издржам овој ден. Ќе се повлечам од јавноста додека не помине жалоста. И таа така би направила“, напиша Милан.
За потсетување, Марина последните денови ги помина во КБЦ „Драгиша Мишовиќ“ каде беше однесена откако и се слошило, а откако беше позитивна на Ковид 19 беше ставена и на респиратор. Марина долго време водеше битка со опасната болест, но за жал не успеа да ја победи.
фото: Youtube 1tv.mk/Tvrda Priča / Nešto Drugačije/twitter