Во последната емисија на „Ѕвездите на Гранд“ дојде до жестока кавга меѓу Цеца Ражнатовиќ и Драган Стојковиќ Босанац.
Имено, кавгата настана кога Цеца го праша Босанац зошто кога е толку добар композитор не направил ѕвезда од неговата ќерка Александра Стојковиќ Џиџа.
„Кога си толку добар композитор, зошто од твојата ќерка не направи ѕвезда?“, праша Цеца.
„Мојата ќерка е во четврта година на Музичката академија. Чекам да стане музички образована, ја има мојата поддршка“, изјави Босанац.
По тој повод се огласи и неговата ќерка на Инстаграм.
„Мене не ми требаат пари, мила. Јас работам за уметност“, сподели таа цитат од Марија Калас, а потоа додаде:
„Уште еднаш, ова е мој одговор на целата ситуација и одговор на сите новинари. Тато, те сакам најмногу“, напиша Џиџа.
Инаку, Александра учествуваше во „Ѕвездите на Гранд“, сними неколку песни, но не направи некој голем успех на музичката сцена.
фото: принтскрин/инстаграм/јутуб/звезде гранда/прва