Во саботното издание на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ настапуваше и македонскиот кандидат Омар Џаферовски од Скопје.
Тој се претстави со песните „Остала си увек иста“ и „Мангупска“. По неговите изведи, Омар освои вкупно пет гласа, односно само Драгаган Стојковиќ Босанац не го даде својот глас.
Омар во бекстејџ имаше и поддршка од учесникот и финалистот во „Ѕвездите на Гранд“, Огнен Здравкоски.
„Малку вежбав со него и му помогнав да ги oдбере песните и го подготвив за она што чека на сцената“, изјави Огнен.
Џаферовски доби пет гласа, но само Ана Бекута, Марија Шерифовиќ и Ѓорѓе Давид потврдија дека сакат да бидат негов ментор, додека Цеца и Вики Миљковиќ се исклучија, па настана хаос во студиото односно дека Миљковиќ гледа што прави нејзината кума Ражнатовиќ, па ја копира.
„Ние сме компатибилни. Можеме да бидеме на два различни краја на светот, такви сме“, изјави Вики.
Иако Поповиќ мислеше дека Омар за свој ментор ќе ја одбере Марија Шерифовиќ со оглед на тоа дека Огнен Здравкоски беше кај Марија, македонскиот претставник за свој професор го одбра Ѓорѓе Давид.
Кога Шерифовиќ дозна дека Џаферовски го бира Здравкоски се пошегува на негова сметка.
„Блокирајте го Огнен на мојот Инстаграм, Фејсбук, Вибер, Ватсап, секаде“, мислејќи на тоа што неговиот пријател не ја одбра Марија за ментор.
Како Ѓорѓе Давид ќе го подготви македонскиот кандидат за следниот круг останува да видиме.
фото: З. Муња/Е. Срдиќ/Л. Цветковиќ/инстагра.