Откако излезе од реалните шоуа, старлетата Ива Гргуриќ започна кариера како ТВ водителка, која не траеше долго, зашто по се’ изгледа дека е отпуштена.
Имено, таа беше водителка во новотворената српска телевизија „Ред ТВ“, која му припаѓа на јатотот на „розовата телевизија“ – ТВ Пинк, а како причина за прекин на соработката, изјави дека не успеале да се договорат за нова сезона.
„Престанав да работам на „ТВ Ред“. Едноставно не се согласивме околу условите. Ќе видиме за следната сезона. Планирам нешто да отворам свое во блиска иднина“ – рече старлетата и додаде:
„Јас веќе немам договор со нив, ниту било какви деловни обврски кон нив. Ставена е точка и сега сум слободна“ – рече Ива, веројатно дискретно нудејќи се за соработка на некој друг медиум.
А, дали старлетата од „Ред ТВ“ доби „шут карта“ зашто толку ја бива па не понуди толку, колку што од неа се очекуваше или не доби толку, колку што бараше… останува допрва да се утврди!?
Фото: Инстаграм принтскрин/iva_grguric_official