Промотер

Роберт Билбилов не победи на „Макфест 2021“, ама затоа има песна што ќе остане – „Луда си на мирен начин“ (ВИДЕО)

Роберт Билбилов не победи на „Макфест 2021“, ама затоа има песна што ќе остане – „Луда си на мирен начин“ (ВИДЕО)

Роберт Билбилов веднаш по завршувањето на „Макфест 2021“ го промовираше видеото за  песната со која учествуваше на годинешниов фестивал на забавни мелодии во Штип.

„Луда си на мирен начин“, Билбилов самиот ја потпишува како композитор, аранжер, продуцент и коавтор на стиховите за кои му помогнала Ива Михајловска. Песната е исто така миксана и продуцирана во неговото студио, со потпис на сопствената „Just RB Production“.

Иако не освои награда на штипскиот фестивал, „Луда си на мирен начин“ е една од оние теми кои беа на прва забележани и оставија силен впечаток. Во основа се работи за класична балада, со модерен звук, необичен аранжман и богата вокална изведба, каде Билбилов кој е во се’ друго е супериорен, вокалните делници ги збогатил со мултиплицирани главни и богата придружба на придружни вокали во рефренот, отпеани од колелегите Александар Тарабунов, Огнен Здравковски и Барбара Поповиќ.

Сите заедно со главниот вокал,  дополнително збогатени испеглани со одличната продукција ја покриваат „ахиловата пета“ во песната, која вака студиски стокмена звучи богато, раскошно и импресивно моќно.

Кога на тоа ќе се додаде уште една одлична визуелизација на познатиот уметнички фотограф и режисер на видеоспотови Зоран Зонде Стојановски кој го потпишува и ова видео, песната навистина добива димензија која ја прави една од оние модерни балади кои претендираат да станат евергрини со видеоприказна во која покрај пејачот својата улога одлично ја одиграла убавата и атрактивна, Росана Стефанова.<

Или како што самиот Билбилов вели:

„Некои песни се за да победат, некои за да останат“… Оваа комотно можеше и двете, да беше овој „Макфест“ фестивал од некои други времиња. Вака, може само да остане… слушана и запаметена.

Како звучи и изгледа оваа песна и видео спакувани во едно единствено аудиовизуелно парче, проследете во продолжение:

To top