Пејачката Мартина Врбос од Хрватска, ги освои симпатиите на целиот регион со нејзиното учество во „Survivor“ во 2012 година, а по некое време се повлече од јавноста и го промени својот изглед.
Во реалитито ја споредија со позната американска пејачка Пинк, а таа откри дека се бори со вишокот на килограми и дека сака да ослабне.
Иако во „Survivor“ не ја доведе својата линија до совршенство, неколку години подоцна ослабе 20 килограми и ја изненади јавноста со својот изглед.
Се шпекулираше дека и одела на естетски корекции, односно дека ставила силикони, но таа не одговори на овие гласини.
Потоа, се повлече од јавност и по тајната венчавка со бизнисменот Богољуб Видаковиќ се посвети на семејството. Свадбената церемонија која ја подготвија за две недели се одржа на 8 јули, 2016 година. Набргу потоа го добија синот Коста, а потоа и ќерката Миа.
Парот живее во Белград.
Мартина се промени во текот на годините и изгледа многу згодно од претходно, еве како изгледа денес.
фото: инстаграм/martinavrbosofficial