Најпознатата италијанска водителка и репотерка Дилета Леота и најпознатиот турски заводник Џан Јаман наводно повеќе не се заедно.
Иако тој ова лето ја запозна со неговите родители и најавија раскошна свадба следната година, италијанските медиуми пишуваат за нивното раскинување, а за тоа имаат и неколку докази.
Како што пишуваат, Дилета повеќе не го носи свршеничкиот прстен. Исто така не се видено заедно од почетокот на август, а беа неразделни, па престанаа да објавуваат и заеднички фотографии.
View this post on Instagram
Џан дури не се појави на нејзиниот роденден ниту пак и го честиташе на Инстаграм, а фановите забележаа дека престанале да си ги лајкнуваат фотографиите на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Тоа ги зголеми гласините дека раскинале, но двојката не се огласи по повод овие пишувања.
Потсетуваме, за нивната врска се дозна на почетокот на годината кога Јаман на социјалните мрежи ја објави првата заедничка фотографија, а пред тоа се зборуваше дека се заедно.