Поранешниот сопруг на Лидија Вукиќевиќ, Митар Мркел, директорот на ФК „Црвена ѕвезда“ со години е во емотивна врска со доста помлада девојка која досега ја криеше од јавноста.
Спортскиот директор на „Црвена ѕвезда“, Митар Мркел беше во центарот на вниманието поради бракот со Лидија Вукиќевиќ. Меѓутоа, тие во 2000 година ставија крај на нивниот брак, а денес се во контакт поради нивните деца Андреј и Давид.
Поранешниот сопруг на Лидија досега го криеше својот емотивен живот, но познато е дека е во врска со атрактивна бринета чиј идентитет не е познат на јавноста.
Иако својата партнерка долго време ја криеше од јавноста, на свадбата на Костадин Терезиќ се појави со својата избраничка држејќи ја за рака.
Атрактивната бринета блескаше во црвен фустан, а со својот изглед го привлече вниманието на присутните.
фото: петар ѓорѓевиќ/лука пакиќ