Сања Гроздановска или популарната Сани важи за еден од најдобрите македонски забавувачи кога се фолк пејачките во прашање. Нема кафеани каде што пее Сани, да нема супер штимунг и добра атмосфера.
Од друга страна, атрактиувната кумановка исто така е позната по својот смисол за хумор. Сани речиси редовно споделува довитливи коментари, шегобијни цитати или зјадливи поговорки и тоа најчесто – на своја сметка. Но, кога ќе ја „чепнат“ каде што не треба, односно каде што најмногу боли, шегобијната фолкерка и тоа како знае да „жари и пали“. И тоа како умее да го возврати ударот и тоа онаму каде што е „најниско“ и исто така – најболно! И тоа јавно и отворено и без предрасуди, на социјалните мрежи… Па потоа Бог нека суди, кој бил во право, а кој во криво? Важно е неа да не и е криво што премолчела и си го собирала гневот во себе. Зашто ако на се’ што ти се случува само се смееш, Сани очигледно смета дека нема да ти се случи онаа: „Кој последен се смее – најслатко се смее“ , туку напротив, еден ден ќе те најдат… „насмеан“!
Затоа фолкерката си знае до каде и е мерката, па на се’ што ја „вади од такт“, за да не ја доведе до инфаркт, или до нервен слом, јавно го прави „лом“! Особено ако ја „чепнат кај што не треба“, не се свесни што ги чека! Тогаш фолкерката „пука“ од сите оружја, па ни нејзиниот ангел чувар сосе четворицата помошници, не можат да ја додржат… Или тие неа, или ангелот – чувар… за да не ја убие!
Дали е така и овојпат, дали Сани е во сериозна кавга, па некои се дрзнаа и ја „чепнаа таму каде што не треба“, а таа одново му се оттргна на нејзиниот „ангел чувар“ па распали на социјалните мрежи?!
На мета на „огнот“, некој(а) што пејачката дознала дека го коментира нејзиниот приватен живот!? А Сани, како Сани ги „исплука“ сите отрови во неа збрани кон дотичните „душегрижници“, со нов стаус на својот Инстаграм.
И ете ти нова кавга… Само што овој пат наместо со насмевка, Сани возврати со песна… И тоа на нејзината колешка Сања Ристеска кај која беше на гостинска вечер, па на „душегрижниците“ за нејзиниот приватен живот им испрати музичка порака:
„Е баш ме заболе, одоздола па нагоре, раке – пуке, раке -шлаке се’ до сабајле, а за друго не ми е гајле“…!
Дали Сани е во сериозна кавга па ја „чепнале кај што не треба“ што е толку лута или…? Сепак, евидентно е дека во последно време споделува чудни статуси, а патем и се избришани и сите заеднички фотографии со сопругот од нејзините профили на социјалните мрежи?!
Што и да е, Сани најдобро си знае, а најмногу едно: Дека сите глупости скапо ги плаќа… и остава бакшиш!
Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/sani.grozdanovskasanja