Радио Милева ја откачија?

Карлеуша јавно се пожали дека „педе*ски“ е исфрлена од учество на годинешнава „Парада на гордоста“ во Белград: Наташа Беквалац е новата српска геј икона!

Карлеуша јавно се пожали дека „педе*ски“ е исфрлена од учество на годинешнава „Парада на гордоста“ во Белград: Наташа Беквалац е новата српска геј икона!

Традиционалниот марш на гордоста или народски наречената „геј парада“ во Белград е закажана за сабота, 18 септември, со почеток во 16:30 часот. Прошетката започнува од паркот Манеж, а ќе има и концерти на српските естрадни личности. Главна sвезда, како што ја нарекуваат – кума на гордоста, е Наташа Беквалац, а покрај неа ќе настапат и Сара Joо, Сајси МЦ, Бојана Вунтуришевиќ и други.

Сето тоа беше изненадувачки, зашто досегашната геј икона,  по-фолк дивата Јелена Карлеуша годинава не се најде на списокот на изведувачи. По тој повод се огласи самата, па откри дека тоа не е нејзина одлука, туку одлука на организаторите.

„Поради бројни прашања зошто не настапувам на утрешниот Прајд, сакам на сите да им кажам дека одлуката ја донесоа исклучиво организаторите на маршот на гордоста. Поточно, тие веруваат дека јас не сум некој што, скоро по три децении работа, придонел во борбата за правата на ЛГБТ заедницата на Балканот и дека немам место на утрешната парада“.

„Ги молам сите да не мислат дека не сакав да дадам свој придонес и да настапам во мојот град! Секој мој концерт, секој мој јавен настап е јавна борба за вашите права, ЛГБТ знамиња се веат на секој концерт речиси 27 години и кога беше опасно, кога речиси ќе бев убиена поради тоа, кога никој не се осмелуваше, а моите колумни и јавни настапи засекогаш ги поставија темелите за борбата за еднаквост на Балканот“.

„Како некој што има многу хомосексуални обожаватели, како некој чии најдобри пријатели се хомосексуалци, сакам да истакнам дека непочитувањето на организаторите кон мене нема да ја спречи мојата борба за вистинската работа, а тоа е борбата за човекови права, слободи и еднаквост. Она што ми го прават, нема да дозволам да ви го прават и Вам“ – напиша Карлеуша.

Фото: Инстаграм принтскрин/bekvalceva/karleusastar

To top