Иако Цеца Ражнатовиќ ја тужи Јелена Карлеуша за јавна навреда и поради тоа извесен период се соочуваат на суд, Карлеуша повторно си тера по свое.
Имено, вчера беше закажано ново судско рочиште кое беше одложено поради смрт на судијата. Двете пејачки се појавија пред судот, но само позираа пред медиумите, а пак Цеца даде и изјава.
Јелена не беше расположена да даде коментар пред камери, но затоа пак повеќе сакаше да се изјасни на социјалните мрежи.
Таа на својот Инстаграм профил го објави видеото каде нејзината ривалка дава изјава и повторно не се поштеди со навреди.
-Извини, не жалам, немам време за едноставни ку*ки, напиша Јелена.