Радио Милева божици

Македонската и српската Ким Кардашијан една до друга: Марија Груевска до Јелена Карлеуша – „Со божицата на сонцето во шоубизнисот“

Македонската и српската Ким Кардашијан една до друга: Марија Груевска до Јелена Карлеуша – „Со божицата на сонцето во шоубизнисот“

Битолчанката Марија Груевска е една од најконтраверзните и најоригиналните учеснички во „Ѕвездите на Гранд“ и со самата појава во музичкото шоу знаеше да го привлече вниманието.

Таа од круг во круг се појавуваше во разни модни комбинации, со однапред смислан настап, со посебен, оригинален стајлинг, а Јелена Карлеуша ја нарече македонска Ким Кардашијан.

Груевска стигна до финалето, а по завршувањето на музикото шоу, летото уживаше на плажа каде ги полнеше батериите за нови активности, а фановите ги почесто со неколку разголени фотографии.

Таа е активна на социјалните мрежи, но овојпат се потсети на натпреварувањето и објави фотографија со српската Ким Кардашијан – Јелена Карелуша.

Имено, фотографијата е направена за време на претходната сезона на „Ѕвездите на Гранд“ односно емисијата кога беше финалето.

„Со божицата на сонцето во музичкиот шоубизнис. Лесно е да бидеш божица на месечината на музичката сцена кога покрај себе ја имаш божицата на сонцето“, напиша Груевска како опис на фотографијата.

Инаку, битолчанката најчесто добиваше пофалби од Карлеуша која беше воодушевена од перформансите на нашата Македонка.

Потсетуваме, Карлеуша ги напушти „Ѕвездите на Гранд“, а на нејзино место ќе дојде Цеца Ражнатовиќ.

To top