Радио Милева приказни од „зад сцената“...

Пејачката Мартина Парапулова за прв пат јавно прозборе за убиството на нејзиниот сопруг: „Ќерка ми се’ уште мисли дека татко и е жив“ (ВИДЕО)

Пејачката Мартина Парапулова за прв пат јавно прозборе за убиството на нејзиниот сопруг: „Ќерка ми се’ уште мисли дека татко и е жив“ (ВИДЕО)

Некогашната македонска поп пејачка Мартина Димовска, сега Парапулова  во 2015 година, како што објавија тогаш медиумите, се омажи за „бизнисменот“ Антонио Парапулов, кој беше повозрасен од неа. На нивната љубов и бракот се противеше нејзиното семејство.

Сепак, Мартина во медиумите и на социјалните мрежи изјавуваше дека е пресреќна, особено откако остана бремена, а подоцна и ја роди ќеркичката Антонија.

Без оглед на тоа што во почетокот не им беше право, сепак нејзините најблиски ја прифатија одлуката на нивната ќерка и внука, по што изгледаше дека на среќата на Мартина и нема крај.

За жал, се’ до кобната ноќ во последните денови на септември 2018 година кога нејзиниот сопруг Антонио Парапулов беше еден од убиените во возилото Сеат Алтеа, кое беше изрешетано со истрели од автоматско оружје, од до ден-денес за јавноста „непознати сторители“ од друго возило во движење. Инцидент со смртни последици кој се случи во стилот на најсуровите „гангстерско-мафијашки“ пресметки.

Јавноста тогаш, а и се’ уште шпекулира дека е во прашање физичка ликвидација заради неразјаснети околности, како последица на пресметки во скопското криминално подземје, што ги отвори сомнежите и за „другото лице“ на сопругот на пејачката.

Но, како и да е нејзиниот Тозо, како што го нарекуваше, беше нејзината љубов, животен сопатник и татко на нејзината ќеркичка која го доби истото име – Антонија.

По трагичната загуба, Мартина очигледно долго не можеше да се соземе и да излезе од шокот, а својата болка, тага и очај таа се обидуваше одвреме-навреме да ги ублажи споделувајќи ги во своите статуси на социјалните мрежи со јавноста.

Се’ до сега, кога Мартина реши да  собере храброст и да проговори за прв пат пред камери. Екслузивно за најгледаниот естраден магазин „Бекстејџ“, за да ја раскаже својата приказна, својата вистина контра сите приказни, муабети, написи, објави… што се плетеа „зад сцената“.

 

 

 

To top