Јелена Карлеуша повеќе не е дел од жирито во новата сезона на најгледаното регионално музичко талент шоу, „Ѕвездите на Гранд“. Зошто и како, веќе е познато и кажано. како и кој ја наследи… нејзината најлута соперничка – Цеца.
Дали гледаноста со Цеца ќе биде многу поголема или драстично ќе опадне без Карлеуша, наскоро времето ќе покаже. Она што досега е познато, дека рускосота „мала од скандала“ беше вистинскицеремонијал мајстор и „прва ѕвезда“, на број еден позиција, меѓу еднаквите во „музичката Гранд инквизиција“!
Марија Шерифовиќ остана да биде во комисијата и понатаму. како без нејзината најдобра пријателка и воедно најголема скандал ривалка за правење ексцеси во шоуто, допрва ќе видиме. Но дека не и е сеедно, не и е… Марија тоа јавно го кажа, ама сега и го покажа со едно видео.
Имено шерифовиќ и спакува видеоподарок на сега веќе бившата колешка од „Ѕвездите на Гранд“: „Најдоброто од Карлеуша“… за збогум! Како изгледаа „најѕвездените будалаштини“ во „Ѕвездите на Гранд“ на Карлеуша, од видеото кое Марија го објави на својот Јутјуб канал, насловено како „Најдоброто од Карла“.