Радио Милева модна доверба

Цеца со години важи за дама со стил, а сега овој познат Македонец и дизајнираше креација: „Многу е кул и професионална“

Цеца со години важи за дама со стил, а сега овој познат Македонец и дизајнираше креација: „Многу е кул и професионална“

Регионалната музичка ѕвезда Цеца Ражнатовиќ отсекогаш важела за некој кој е одлично стилизиран, па каде и да се појави собира позитвни коментари, како и добри оценки од модните критичари, дизајнери.

Без разлика дали е облечена во елегантни тоалети, комбинезон, краток фустан, тренерки….фолк пејачката најчесто добива комплименти за изгледот.

Таа неодамна имаше концерт во српскиот главен град – Белград. На овој настап Ражнатовиќ се појави во креација од монистри, срма и рачно везени апликации -со потпис на македонскиот бренд  “JZJ by Zlatko Jovanovski – Couturier”.

Тој на својот „Инстаграм“ сподели и неколку фотографии на кои покажа како изгледа креацијата која ја направил за српската фолк дива.

„ До соработка со балканската дива Цеца дојде поодамна кога нејзината стилистка ме контактираше за да дизајнирам нешто специјално за неа. Јас прашав во кој правец да дизајнирам, и ми кажаа дека Цеца ги видела моите креации, и се допаѓа се што правам и она би сакала нешто по моја имагинација“, вели Златко за независен.мк

Тој вели дека со 70% готова креација заминал на проба во Белград, а потоа кога ги дифинирале деталите ја довршил креацијата и ја испратил до пејачката.

„На пробата владееше многу пријатна атмосфера и одлична соработка. Морам да додадам дека Цеца иако е едно огромно име на Балканот, е многу кул и бескрајно професионална.После тоа,  креацијата ја финиширавме тука во моето ателје, и и ја пративме за Белград“, вели дизајнерот.

За потсетување, Јовановски беше задоложен и за оригналните, различните модни креации на Марија Груевска во последната сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

фото: инстаграм/златко јовановски

 

To top