Светлана Цеца Ражнатовиќ е новиот член на жирито во „Ѕвездите на Гранд“.
Имено, Јелена Карлеуша го напушти музичкото шоу, а на нејзино место ќе биде Цеца.
Нова промена ја прокоментира и некогашната сопственичка на „Гранд“, Лепа Брена.
„Јас повеќе не сум во Гранд, но секогаш ќе бидам врзана за таа куќа. Мислам дека секоја промена е на подобро“ – порача Брена.
Инаку, Карлеуша го напушти музичкото шоу бидејќи сака да се посвети на снимање и промоција на нејзиниот нов албум.
фото: принтскрин