Радио Милева први впечатоци

Први фотографии: Ѕирнете на романтичната свадба на Катарина Грујиќ и Марко (фото + видео)

Први фотографии: Ѕирнете на романтичната свадба на Катарина Грујиќ и Марко (фото + видео)

Пејачката Катарина Грујиќ на свадбената церемонија на имотот во Војводина го кажа субоносното „да“ на својот избраник, фудбалерот Марко Гобељиќ со кој го чека своето прво дете.

Грујиќ и Марко досега не се огласуваа по повод нивната венчавка, а како што се пишуваше и во медиумите тие им забраниле на гостите да фотографираат и да објавуваат фотографии.

Парот сега првпат се огласи за стори.рс и ги откри сите детали за нивната бајковита свадба.

„Се уште сум многу возбудена поради се што поминав низ послендите 24 часа. Моментот кога татко ми ме испрати до бајковито декорираната градина, а потоа и до рајските врати каде што ме чекаше матичарот и Марко, не може да се опише со ништо што досега сум преживеала. Толку се беше емотивно, што солзите радосници не престанаа да ми течат и нема врска тоа што сум во шестиот месец од бременоста. Се уште не можам да си дојдам на себе од возбуда“, вели Катарина.

На прашањето зошто избегнале голема свадбена прослава, таа вели:

„Не, не не избегнавме. Планот е во јуни да се венчаме во црква, а потоа за околу 650 гости ќе  направиме забава, ќе ги испочитуваме сите обичаи кои сега ги прескокнавме“.

Пејачката откри зошто ја одбрала Андреана Чекиќ да и биде кума.

„Андреана е една од моите најблиски пријателки и личност од доверба, не познавам никој подобро од неа кој би ја извршил таа функција. Таа и кумот на Марко беа вистиски тандем на свадбата“.

На свадбата, Катарина носела и две венчаници.

„Една за венчавката, другата за прославата. Првата беше поедноставна, на едно рамо, а втората беше попровокативна и сите прокоментираа дека никогаш не сум изгледала подобро“.

Во видеото подолу погледнете дел од свадбената атмосфера на Катарина и Марко.

фото: Миомир Милиќ/рас србија

To top