Новиот учесник во претстојната сезона на најгледаното ријалити во регионот, „Задруга 5“, Давор Лазиќ, се претстави како полубрат на пејачот Дарко Лазиќ, поради што фолкерот оста запрепастен!?
Сосетка на Дарко Лазиќ од родниот Брестаќ тврди дека неговата мајка Бранка не може да се освести, да си дојде на себе, па дури во еден момент и и’се слошило, откако се појави приказната за наводниот вонбрачен син на нејзиниот покоен сопруг Милан.
Бранка, како што вели сосетката од Брестаќ, наводно оди по компшиите со денови и плаче, гласно говорејќи дека е сигурна оти приказната за неверството на Милан е чиста глупост, и дека момчето само ја користи ситуацијата за подобро да се промовира пред влезот во реалното шоу.
„Кој црн полубрат, што зборувате? Јас дури и не знам кој е Давор, иако многу оддамна имаше еден дечко кој ме следеше на настапи како обожавател и се претстави така, но тоа нема никаква врска со вистината. Како може да зборува за наше познавање и дека сме се слушале едни со други, кога тоа е тотална лага?! Навистина ми се гади веќе од овие лаги, се пишуваат глупости за мене секој ден, но ова е навистина премногу. Ако тој одлучи да се приклучи на ‘Задруга’ како мојот полубрат и со тоа да се здобие со популарност, секоја му чест. Немам што друго да кажам освен дека немам полубрат“ – изјавил видно изнервиран Дарко Лазиќ за српски „Курир“.
Фото: Инстаграм принтскрин/darkolazicofficial