Додека голем дел од јавноста е прилично изненаден од недоветното однесување на Кортни Кардашијан и нејзиното ново момче Тревис Баркер и нивните речиси несоодветни изливи на нежност, а се чини дека и нејзиниот поранешен сопруг Скот Дисик (38) не е далеку од таквото мислење.
„Дали е оваа риба нормална“, напиша Скот во пораката што му ја испрати на еден друг исто така поранешен партнер на Кортна – моделот Јунес Бенџим (28).
Заедно со оваа скокотлива порака, тој испрати и неодамнешни жешки фотографии од Италија, на кои реалити sвездата и славниот музичар страсно се гушкаат и бакнуваат и не им е гајле за никој околу нив.
„Брат, што е ова. Среде Италија“ – додаде Дисик. Меѓутоа, овој 38-годишник не најде соодветен соговорник во бившиот соперник Бенџим, кој беше во врска со Кортни од 2016 до 2018 година, па тој ја откри целата преписка на Инстаграм, возвраќајќи му на неговиот наследник, сега несреќен бив соруг на ријалити убавицата:
„Не ми е грижа се’ додека е таа среќна. П.С. И јас не сум твој брат“ – остро му одговори Јунес, „ладно“ игнороријаќи ги пораките на запрепастениот екс – конкурент.
Фото: Профимедиа/Инстаграм принтскрин/#kortneykardashian