Откако со брзина на светлината се прошири веста дека Милан Лане Гутовиќ кој беше доајен на српската актерска сцена починал, прва која се огласи беше познатата пејачка Лепа Брена.
Брена и Лане беа колеги, а играа и во филмот „Тесна кожа“ од каде настана и познатата реплика „Оди кажи и на Брена дека Шојиќ ја бара, Миле сака диско“.
Пејачката се прости од актерот со заедничка фотографија, која ја објави на Инстаграм.
„Драг Лане. Знам дека отиде на подобро и поубаво место. Целиот се даде како уметник и оставивте голем белег како актер на целиот Балкан. Ти, како вистински и голем човек и актер, ми помогна, ми даде совети и поддршка да ја создадаме историската сцена за филмот „Тесна кожа“. Така функционираат великаните. Нека ти е лесна земјата и вечна слава. Амин. Брена“ – напиша пејачката.