Бојана Родиќ, снаата на српската пејачка Гоца Божиновска објави прва фотографија со наследникот Зоран Шијан.
Синот на пејачката и Бојана првото нивно дете го добија пред две недели, а среќата не ја кријат ниту од следбениците на социјалните мрежи.
Истото се случи и овој пат кога Бојана го зема во раце својот штотуку роден син и позираше со него.
На фотографијата лицето на бебето беше прекриено со емотикон во форма на срце, но се гледа дека има црна коса што ја наследило од својот татко.