Игла немаше каде да падне на синоќешниот концерт на Светлана Цеца Ражнатовиќ, што се одржа во Лесковац.
Пред повеќе од 12.000 луѓе, балканската sвезда ги отпеа најголемите хитови, а публиката гласно пееше со неа до полноќ.
Во црн фустан, кој имаше шлоц до половината, Ражнатовиќ се појави пред публиката, која ја поздрави со громогласен аплауз.
– Мило ми е што вечерва повторно сум меѓу моите Јужњаци. Никогаш не заборавив од каде сум и од каде доаѓам – рече Цеца пред насобраната маса, а потоа додаде:
– Во право сте кога велите дека сите ние вечерва ќе покажеме што е мерак, бидејќи Лесковчани се фантастична публика и верувам дека заедно ќе направиме спектакл. Уште еднаш благодарам за дочекот и убавите желби – истакна музичката sвезда.
Веќе викендов, Цеца има концерт во Бугарија, а потоа и во Кикинда.
Погледнете како изгледаше концертот на Цеца во Лесковац во видеото, како и во галеријата во текстот, некој на социјалните межи се пошегувал дека Цеца во Лесковац создала „колективен имунитет“!