Пред врската и бракот со поп-пејачката Наташа Беквалац, бизнисменот Лука Лазукиќ беше во брак со Александра, дизајнерка на ентериер, со која ја има шестгодишната ќерка Ира.
Александра и Наташа потекнуваат од Нови Сад, а и откако се ожени со Беквалац, Лука редовно ја посетувал ќерката.
Александра и Лука за разлика од случајот со Наташа кој ја потресе јавноста и ги преплави медиумите, се разведоа по разумен пат, а одлуката била нејзина, вели извор за српски Курир.
Инаку, пријателите на Лука уште на почетокот од врската со Наташа биле шокирани дека тој е заедно со жена од естрадата.