Пејачката Гога Секулиќ неодамна се појави на плажа со својот син, а кога седна на својата лежалка, група момчиња кои ја препознаа, веднаш почнаа да и пеат.
„Со кого беше сношти, знае ли таа? Таа не знае, не, не знае, само јас знам. Девојка за една ноќ, не ми е гајле, а кај тебе се’ уште се моите гаќички“ – и пееја момчињата, на што Гога ги поздрави и им се заблагодари со: „Браво момчиња“!
View this post on Instagram
Откако го сподели видеото на својот Инстаграм, пејачката во описот напиша: „Она, кога ќе те препоознаат на плажа“.
Инаку, во 2006 година, Гога Секулиќ ја објави песната „Гаќице“, а провокативниот спот го потпиша Дејан Миличевиќ. Таа песна стана хит на прво слушање, проследена со бројни позитивни и негативни коментари. Многумина го критикуваа текстот на песната, бидејќи Гога беше меѓу првите на сцената си играше со провокативни зборови, и оттогаш пејачите почнаа да објавуваат песни од овој тип.
Иако синглот често се изведува на музички натпревари и се пушта во клубовите низ целиот регион, па така „Гаќице“ е се’ уште хит на црногорското крајбрежје.