Мадона го прослави својот 63 -ти роденден во Италија, каде дојде со приватен авион.
View this post on Instagram
Таа пристигна со своите шест деца: ќерките Лурдс, Мерси Џејмс и близнаците Естер и Стела и синовите Роко и Дејвид. Со нив беше 36-годишното момче на Мадона, танчерот Ахламалик Вилијамс.
Пејачката се пресоблече неколку пати во текот на вечерта, а фустанот на Версаче ги привлече погледите на светските и домашните медиуми. Целата прослава беше во знакот на крстовите, а исто така и нејзината славеничка, златна торта.
View this post on Instagram
Под магија на Византиската империја – напиша пејачката во описот на фотографиите.
Во коментарите под објавата, нејзиниот роденден го честитаа бројни обожаватели, меѓу кои и познати пријатели како Донатела Версаче и Кели Рајп.
Некои обожаватели негодуваа што таа беше видена како пуши на видеото, но други побрзаа да ја одбранат, тврдејќи дека таа е „возрасна жена која може да прави што сака“. Покрај тоа, на повеќето видеа се гледа како таа лиже сладолед, се под објаснување дека се работи за „вежба на јазик“.