Светски познатата пејачка Џенифер Лопез беше фотографирана од папараци како излегува од ресторан во холивуд со својата пријателка додека носеше комбинација која совршено ја нагласи нејзината волшебна фигура.
Таа одлучи да облече црна тесна ролка за оваа пригода, што целосно ги истакна нејзините атрибути, додека сето тоа го искомбинира со широки бели панталони со длабок струк и црни сандали со златни детали.
Но, тоа не е се … таа избра да додаде детали и изглед на златен прстен и големи прстени на ушите за оваа комбинација, додека во раката носеше црна торба со принт од крокодил. Згора на сето тоа, таа одлучи да ја врзе косата во коњско опавче.
Како ви се допаѓа изданието на JLo?