Радио Милева

„Го брка Ѓани со години“: Сопругата на пејачот проговори за фотографијата на која тој се бакнува со друга жена

„Го брка Ѓани со години“: Сопругата на пејачот проговори за фотографијата на која тој се бакнува со друга жена

Неодамна во медиумите како бомба одекна веста дека српскиот пејач Ѓани има љубовница.

Имено, се појавија фотографии на кои пејачот се бакнува со жена, а не е неговата сопруга.

Наводно, жена со која се бакнува пејачот е негова обожавателка која е опседната со пејачот.

„Ѓани има разни фанови од цел свет. Знам за една разведена жена, има околу 40 години која често му пишува на Инстаграм, а го најде и неговиот телефонски број. Заљубена е во него,го следи секој негов чекор, па опседната е со Ѓани. Мислам дека таа ги пронајде оние фотографии од пред неколку години на кои наводно Ѓани се бакнува со некоја девојка, па ги објави на интернет. Нема шанси Ѓани да ја изневери Слаѓа. Тие поминаа низ се и сешто заедно, па сега да прават такви работи“, тврди изворот.

И сопругата на пејачот се огласи по овие написи:

„Па, досега колку пати не разведуваа, исфрлаа од домот….Уживаме и не обрнуваме внимание на тоа. Бев на одмор, па сега Ѓани ми вели да бирам каде да одам, бидејќи тој секој ден работи, јас одлучив да одам малку во Турција, да се одморим. Научив да живеам со разни фанови и обожавателки, како и со оние кои сакаат да ни наштетат. Ја знам таа жена која го брка Ѓани со години, нема на што не е подготвена, јас не можам да и помогнам, но докторите можат“, вели Слаѓа.

Инаку, исто така неодамна се пишуваше дека Ѓани се разведува од Слаѓа, но тој ги демантираше овие пишувања.

To top