Прославата за раѓањето на синот на Мирко Шијан, внукот на Гоца Божиновска се уште е главна тема.
Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ која пред две години стана роднина со Родиќ не се појави на прославата. Вељко Ражнатвиќ се појавил во домот на Мирко, но се задржа околу 15 минути и си заминал.
Наводно, Вељко накратко ја напуштил забавата за да оди по неговата сопруга Богдана, а потоа заедно биле на прославата до доцните вечерни часови.
Извор близок на курир.рс тврди дека непријатноста меѓу Ражнатовиќ – Божиновски трае уште од 2016 година, кога Гоца во интервју за курир.рс ја поддржа изјавата на Јелена Карлеуша која тогаш изјави: „Ми се „с*ре“ од децата на Цеца. Гоца истакна дека и е мака што нејзиниот син често е во медиумите иако не е јавна личност и да таков ист проблем има и Цеца.
„Првпат во животот оправдувам тоа што Јелена Карлеуша кажа дека и се “с*ре“ од децата на Цеца. Верувајте ми, и на Цеца и се с*ре од се. Еве јас ви кажувам во нејзино име. Оставете ги децата на раат, нивните мајки се во шоубзинисот, не тие. Карлеуша е во право, но не знае што ќе ја снајде кога ќе и пораснат ќерките“, изјави тогаш Божиновска.
Според пишувањата, Цеца не ја поканила својата колешка на свадбата од синот, ниту на прославата за раѓањето на Жељко, ни на крштевка, додека Гоца ја поканила Цеца на дојде на прославата, но таа не се појавила.
Во изјава курир.рс, Ражнатовиќ ги демантираше овие пишувања:
„Приказните дека јас и Гоца имаме проблем се неточни и се пласираат од причина да се крене прашина околу нешто каде што нема проблем“порача Цеца, а Божиновска има ист став.
„Првпат слушам дека сме скарани со Цеца. Тоа нема никаква врска во вистината“ изјави Гоца.
фото: зорана јевтиќ/дамир дервишагиќ/нема николиќ/инстаграм