Членката на жирито од „Ѕвездите на Гранд“, Јелена Карлеуша беше воодушевена од атрактивната натпреварувачка Бранка Козомор.
Оваа млада пејачка ја изведе песната „Није више твоја ствар“, на Емина Јаховиќ и „Богиња“ на Милица Павловиќ, а Калеуша не се штедеше со комплименти на сметка на изгледот на оваа натпреварувачка.
-Ти си некоја што изгледа како светска ѕвезда. Изгледаш перфектно!, коментираше Јелена за Бранка.
Карлеуша ја пофали девојката бидејќи вложила во настапот и стајлингот, па им порача на момците кои се натпреваруваат, повеќе да се посветат на изгледот.