Кумановецот Драган Величковски, кого публиката го знае по уметничкиот прекар Тајзи, има нова песна насловена како „Парадокс“, а за истата снимаше и видеоспот.
Музиката е дело на Лазар Цветковски, Кристијан Николов и Тајзи, а аранжманот е на Лазар Цветковски и Сајов.
Видеозаписот е снимен на Мечкин Камен, Македониумот, Галеријата на Никола Мартиновски во Крушево и во Музејот на македонската борба во Скопје. Режисер на спотот е Даниел Јовевски.
„Текстот го отсликува парадоксот на времето во кое живееме“ изјави Тајзи.
Во видеото освен Тајзи се појавува и моделот Андријана Илиевска, а за стајлингот е задолжен препознатливиот стилист Златко Јовановски.