Српската пејачка Јелена Карлеуша веќе со денови летува на море во Турција со своите ќерки и тетка. Aко пожарот што се случи во близината на хотелот во кој таа престојуваше беше причина за сето внимание на медиумите во Србија и регионот да биде свртено кон неа, сега русокосота и самата ги „запали“ социјалните мрежи со нови фотографии.
Имено, Карлеуша на плажата во Бодрум позираше во „најмалото бикини на светот“, како што некој го нарече, она што русокосата на себе го облече.
„Гучи“ танга од само една тенка врвка, која длабоко врежана, потонала во големата заоблена, гола задница на расната убавица.
Карлеуша ионака без срам редовно ги покажува своите атрибути, но овој пат во тангата на познатиот светски бренд, ги надмина границите и на оние најсмелите, кои вака би се појавиле.
Провокативна до ниво на перверзија, белградската „мала од скандала“ одново предизвика „експлозија“ со тоа што ги симна табуата за тоа како една позната и популарна личност треба да се појави на јавно место, па била тоа и плажа.
Но, Карлеуша затоа е една и единствена, уникатна и „убиствена“ во споделувањето на својата голотија, што предизвика и овој пат воодушевување кај нејзините машки следбеници на Инстаграм, па оваа објава собра речиси 100.000 лајкови за помалку од 24 часа.
Фото: Инстаграм принтскрин/karleusastar