Наскоро треба да започне снимањето на петтата сезона на популарната турска серија „Забрането јаболко“.
Како што се зборува и како што пишуваат турските медиуми, некои од актерите ќе ја напуштат серијата, па наводно ќе дојде и ново семејство.
Она што е сигурно е дека главната актерка Шевал Сам или Ендер од „Забрането јаболко“ останува во серијата.
Иако периодот се на пауза од снимања, турската актерка и пејачка не одмара. Таа секој викенд има концерти.
И покрај сите обврски, Сам наоѓа време малку и да се одмори, да ужива во морето во Турција или пак да се сонча на плажа.
Така, неодамна папараците ја уловија додека Шевал се одмараше во Бодрум.
Имено, таа е облечена во црно едноделно бикини. Актерката прво се сончаше на лежалка, а потоа се разлади во морето.
И покрај вишокот на килограми и цилулт, Шевам изгледа одлично за нејзините години, односно во петтата деценија од животот.
фото: принтскрин/инстаграм/magazinkurvesi/AYAKLI GAZETE