Промотер во борба против пороците...

ДНК инспирирани од македонската реалност ги претвораат своите… „Денови во ноќи“: Панчо приведен во голема полициска акција за шверц на дрога… во приказната на новиот спот!? (ВИДЕО)

ДНК инспирирани од македонската реалност ги претвораат своите… „Денови во ноќи“: Панчо приведен во голема полициска акција за шверц на дрога… во приказната на новиот спот!? (ВИДЕО)

Панчо – ДНК приведен во голема полициска акција за шверц на дрога! Недоволниот прилив на средства и љубовта кон саканата го натерале да се впушти во бизнис со дрога, кој наместо пари за лекување му донесе петгодишна затворска казна! Панчо е спроведен истата да ја издржува во затворот во Куманово…

Ако сте изненадени, вчудовидени и збунети и ништо не ви е јасно – полека!

Панчо микрофонот не го остави настрана за да стане дилер, ова е само приказната во новиот спот за песната „Денови во ноќи“.

Идејата е да се испрати порака до младите дека треба да им се каже НЕ на сите пороци, но и дека не треба да потпаѓаме под влијанија, особено кога сме пред искушенија и тешки животни предизвици. Дека треба да веруваме во себе и да бидеме истрајни во своите желби и планови“ , велат Панчо и Андреј. од ар ен би дуото ДНК во изјават по повод промоцијата во етерот на нивната нова песна и видеоспот.

„Денови во ноќи“ веќе е лесно да се претпостави е со потписите на Панчо и Лазар Цветковски чии се музиката, текстот и аранжманот, додека за екранизацијата на приказната се погрижи, исто така, проверениот и маестрален соработник на ДНК, охриѓанецот Даниел Јовески. Дел од видеото уште се и Роберта Цветковска на која и припадна улогата на девојката, Стефан Хајредин го глуми дечкото, Игор Петрески е дилер, Ристе Филипов – инспектор, а Елена Стојческа – инспекторка.

И оваа песна е нешто во што навистина веруваме и нешто околу што навистина се потрудивме. Благодарни сме на сите кои ни помогнаа особено во реализацијата на видеото затоа што истото го снимавме додека земјата беше во карантин и на сила беше полицискиот час“ – велат Панчо и Андреј и уште еднаш упатуваат посебна благодарност до  Министерството за правда и директорот на управата за извршување санкции Марјан Спасовски, КПУ Затвор Куманово и директорот Ненад Цветковиќ, како и клиниката Жан Митрев и Микел кафе кои придонесоа во реализацијата на филмуваното музичко видео.

А, што се случило после 5 години, односно по излегувањето од затвор откријте сами откако ќе го погледнете новото видео на ДНК – „Денови во ноќи“:

To top