Пејачката Ана Кокиќ повеќе од 20 години не зборува со својот биолошки татко Стеван Кокиќ кој во една прилика за курир.рс истакна дека се би направил за да се смири со својата ќерка.
Таткото на Ана со години работи на пазар во Коњарник каде што има тезга за козметика и домашна хемија.
„Драго ми е што дојдовте. Ете, денес е годишнина од смртта на мојата мајка, баба на Ана. Со брат ми бев на гробишта. Од нивна страна никој не се појави. Ништо не се промени од последниот пат кога бевте овде. Нема ништо од смирување. Бев упорен да ја добијам Ана. Неколку пати и се јавував, но не се јави, и пишував пораки, но не ми врати. Отидов чекор понапред, се јавив на бившиот сопруг, но таа му кажала дека не сака да слушне за мене. Ја спуштив слушалката бидејќи сфатив дека нема смисла да се обидувам понатаму. За жал, така е како е“, вели Стеван.
Таткото на Кокиќ вели дека би можело да биде поразлично ако неговите ќерки Ана и Маја сакале да ја слушнат неговата страна на вистината.
„Жал ми е што така испадна. Приказната на нивната мајка многу влијае на нив. Немам ништо против, мајка е мајка, јас ги разбирам, но може сите да седнеме да поразговараме, да ги слушнат двете стрaни и да се реши работата. Виновен сум и се каам за се. Но, кога и другата страна би ја кажала вистината, многу работи би се промениле“, вели Кокиќ кој го изгуби семејството поради алкохол и коцкање.
Таткото на Ана Кокиќ вели дека бил во затвор поради сомнеж за убиство.
„Доживеав непријатност која ќе ја паметам до крајот на животот. Кога пред 20 години возев такси ми се случи една непријатност. Возев момче кое изврши убиство. По неколку дена ме приведоа и мене. Месец дена лежев во затвор додека не се докажа дека не сум виновен. Беше непријатно искуство“, раскажува таткото на пејачката.
„Во мојот автомобил останаа траги бидејќи момчето оставил некоја фотографија, па фарбата од таа фотографија остави траги во мојот автомобил. Полицијата убиство го поврза со мене. Јас ја работев својата работа. Го возев човекот кој изврши убиство, но јас не знаев за тоа. Искрено ви кажувам, не лажам. И тоа се заврши“, вели Кокиќ.
Ана тогаш не сакаше да ги коментира овие пишувања.
„За тие работи не сакам да зборувам бидејќи ги решавме во семејството. Не знам дали е тешко да се прости, но тешко е да се заборави“, изјави Ана.
фото: Драган Удовичиќ/Зорана Јевтиќ/инстаграм/јелена жидиќ