Летните одмори се во полн ек, а познатите уживаат на различна територија полнејќи ги телефоните со меморија од нивното уживање, разладување, разголување, а по некоја фотка знаат да споделат и на социјалните мрежи.
Со оглед на тоа, што претходното лето имаше построги здравствени мерки поради пандемијата со коронавирусот, многумина не можеа да заминат на одмор или пак бираа дестинација на домашна локација.
Ова лето, некои на одмор заминаа уште во месец мај, па со време да го фатат и редот и летото, но и боја.
Периодов некои уживаат во Дојран, некои Охрид, други пак се Албанија, Грција, Турција, Египат…..
Водителката на „Се или нешто“, Лила Филиповска не пропушта некаде да ужива, по работните обврски од „се по нешто“ да се препушти на уживање и релаксирање.
Така и пред да попуштат корона мерките таа отпатува и тоа неколку пати, односно беше во Турција, а отаму редовно споделуваше видеа и фотографии.
Меѓутоа, сега е време за одмор и во Грција. Филиповска го искористи убавото време, но и тоа што моментално не го снима квизот по кој е препознатлива, да ги наполни батериите за следните активности и обврски, а нејзината агенда речиси секогаш е полна.
Од одмор водителката не се штеди, па навистина вреди да ужива и кулира, без да се нервира.
Иако е на одмор, Лила „не одмара“ од социјалните мрежи каде редовно ги чести фановите со секојдневни дози во различни пози.
Филиповска, како и Брена, но и како виното, колку постари толку позгодни.
Водителката прво сподели фотографија од плажа на која се сонча во црно бикини. Испружена под зраците на сонцето, и фаќа боја, и одмара, но и го покажа своето витко тело на кое може многумина да и позавидат.
Брена има ваква или слична поза, само што српската фолк ѕвезда е на јахта и во розово едноделно бикини. Но, и таа како и нашата Лила може да се пофали со одлична витко тело „за гледање“.
На другата објава пак македонската водителка се снимаше додека крстари на плажа и ја покажа прекрасната глетка за „глетка“.
Брена со оглед на тоа што има сопствена јахта, летото го поминува одмарајќи на неа, крастарејќи по Црна Гора, а на „Инстаграм“ редовно објавува по некоја фотка, како и оваа на Лила, од прекрасниот поглед и бранови додека крстари.
Тука е објавата на која нашата позната згодна дама, позира на јахта, во црно едноделно бикини, а во фокусот се нејзините атрибути, односно нејзиното деколте кое ќе добие боја, па водителката ќе изгледа уште позаводливо.
Taква, или слична фотографија има и српската дива која позира во бело бикини, а во прв план се нејзиниот заштитен знак – долгите и витки нозе.
Уште нешто што им е заедничкото на двете познати, или барем по објавите на социјалните мрежи, се сличните фотографии со прекрасен поглед.
Како и да е, ќе се согласите, двете дами на нивната возраст изгледаат подобро од кога и да било, позгодно и позгодно, за нив годините се бројка. Уживаат и на помладите девојки може да им парираат.
фото: инстаграм/лила филиповска/лепа брена