Радио Милева го исфрлила од станот

Бритни Спирс: „Мајка ми ме принуди да го поништам првиот брак“

Бритни Спирс: „Мајка ми ме принуди да го поништам првиот брак“

Мајката на Бритни Спирс, Лин Спирс ја принудила пејачката да го поништи нејзиниот прв брак со Џејсон Александар, тврди адвокатот на Бритни.

Тој за „Daily Mail“ вели дека парот не сакал да го поништи бракот, но нејзината мајка и менџарскиот тим на пејачката ја принудиле да се разведе.

„Мајката се мешаше во животот на нејзината ќерка. Дојде во Лас Вегас, го исфрли Џејсон и му даде авионска карта за дома“, вели Голдберг.

Парот се венчаше во 2004 година во Лас Вегас. Бракот траеше 55 часа.

Наводно кога и се јавиле на Лин да и кажат дека се венчале, таа полудела.

Александар го контактирал адвокатот на Бритни за помош.

„Побара совет. Беше многу емотивен и нервозен. Бритни го повика да оди во Лас Вегас. Таа беше таму со пријателите и колку се сеќавам му ја плати авионската карта. Ми кажа дека не пиеле, ниту дека се дрогирале“, вели адвокатот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

Како што наведува, Александар ја сакал Бритни и не сакал да ја повреди, но се плашал од неговата мајка.

Овие изјави ги потврди и бившиот на пејачката за  „Toxic: The Britney Spears Story.“.

„Ми рекоа да го потпишам документот за поништување на бракот, дека ќе ни дозволат со Бритни да ја продолжиме врската, и дека за шест месеци ако се чувствуваме исто ќе може да се венчаме. Немав причина да верувам во спротивното. Мислев дека тоа е вистина. Ни дозволија да комунизираме преку телефон“, вели тој и додава дека по еден месец од поништување на бракот, телефонот на пејачката местериозно престанал да работи.

фото: EPA/NINA PROMMER
To top