Радио Милева нова сезона

Колега сака да го исфрли Саша Поповиќ од „Ѕвездите на Гранд“: „Сака да го елиминира за да тој доминира“

Колега сака да го исфрли Саша Поповиќ од „Ѕвездите на Гранд“: „Сака да го елиминира за да тој доминира“

Откако пред еден месец заврши последната сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, сега се шпекулира за новата сезона, како и за улогата на Саша Поповиќ.

Како што се наведува, новите сопственици на „Гранд“за директор го назначиле Александар Милиќш Мили, а тоа не им се допаѓа на членовите на жирито. Како што се зборува, наводно Мили има план да го исфрли Поповиќ од проектот, пишува „Скандал“.

Според пишувањата, бидејќи Саша ги создаде „Ѕвездите на Гранд“ и е член на Управниот одбор во продукцијата, неговиот збор е од посебно значење, па токму поради тоа Мили сака да го „избрка“ од тимот.

„Се зборува дека Мили сака Поповиќ да се повлече  и тој да биде главен во сите случувања. Тој верува дека така ќе се стекне со угледот кој Саша со години го има. За тоа дознаа и останатите членови на жирито и сите се со Поповиќ, посебно Марија Шерифовиќ“, тврди извор за спомнатиот весник и додава:

„Од друга страна пак се зборува дека Мили е среќен што Поповиќ е тука. Знае дека „Ѕвездите на Гранд“ не би биле исти ако Поповиќ се повлече. Што ќе се случи во иднина, останува да видиме“, тврди изворот.

Инаку, победник на последната сезона е Махир Мулалиќ од тимот на Марија Шерифовиќ.

фото: Зоран Илиќ/рас србија/ притнскрин/инстаграм/звезде гранда

To top