Радио Милева носталгија

Андријана Јаневска со емотивна посвета за нејзината почината мајка: „Мамо, ми недостигаш“

Андријана Јаневска со емотивна посвета за нејзината почината мајка: „Мамо, ми недостигаш“

Пејачката Андријана Јаневска пред неколку години ја загуби најважната жена во животот – нејзината мајка.

Таа почина на 62 години од мозочен удар, а во една прилика пејачката истакна дека немала време да се прости од неа бидејќи нејзината смрт била ненадејна.

Кон крајот на 2020та година, Јаневска ја објави песната „Летај“ која ја посвети на нејзината покојна мајка.

-Песната е посветена на мојата мајка Нада, која за жал физички не е повеќе до мене, но секојдневно е присутна во мојот живот. Денес ѝ е роденден и затоа одлучив песната да ја промовирам токму денес. Оваа година беше тешка за сите, но најтешко им беше на оние кои останаа без своите најмили. Тие се нашите бели птици, сакани од овде до вечноста“ – напиша  Андријана кога ја објави песната.

Таа во една прилика за „Бекстејџ“ проговори за болката и тагата по загубата на мајка си.

„ Велат дека времето лечи се и јас искрено се надевам дека тоа е така. Болката не може да ја снема, но мораш да научиш да живееш со неа. За мене семејството е се’ и многу ми е важно и со помош на моите деца, сопруг се обидувам да го надминам тоа“, рече Јаневска.

Болката и тагата по загубата на некоја драга личност, посебно родител, ни покрај времето, ни годините, не поминува.

Овојпат, Андријана ја фати носталгија, па се потсети на најважната жена во нејзиниот живот.

Имено, таа во кусите приказни на „Инстаграм“ сподели фотографија од мајка си, а во описот напиша:

„Мамо ми недостигаш“, напиша таа како опис на фотографијата.

Во продолжение слушнете ја песната која Јаневска ја посвети на мајка си.

фото: инстаграм/андријана јаневска

To top