Македонската пејачка Елена Миленковска на публиката е позната по нејзиното учество во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Елена учествуваше неколку сезони, а во периодот кога беше под менторство на Ана Бекута, освен успех на музички план, таа доживеа и љубов на прв поглед.
Имено, Елена започна љубовна врска со нејзиниот колега, исто така дел од тимот на Ана Бекута, Гуте Маринковиќ.
За една година двојката се сврши, се венчаа, а го добија и синот Максим.
По породувањето, Елена ужива во својата семејна идила, а неретко на социјалните мрежи знае да сподели, фотографии, видеа како го поминува времето со најсаканите.
Миленковска и Маринковиќ се отворени за јавноста, па секогаш кога има нешто ново и актуелно тие знаат тоа да го споделат со своите следбеници на социјалните мрежи.
Елена учествуваше и во последната сезона на „Ѕвездите на Гранд“; па стигна до пред финалето. Иако испадна таа истакна дека е презадоволна и дека можеби ќе се пријави и следната сезона.
Пејачката периодов ужива заедно со семејство, но бидејќи попуштија корона протоколите, таа често и настапува.
Додека беше во „Ѕвездите на Гранд“, Елена имаше разни модни комбинации и перфоманси и добиваше пофалби за нејзиниот изглед.
Неколку месеци по породувањето, Миленковска направи драстична промена, односно ја скрати својата долга коса, па во музичкото шоу се појави со потполно нов изглед.
Меѓутоа, македонското девојче сака да инвестира во себе и да направи промени. Така и овојпат, повторно има нов „look“.
Имено, таа на својот „Инстаграм“ објави фотографија од фризерско студио и се пофали дека има нов имиџ.
Елена ја скратки косата, а освен што сега и е пократка, таа ја офарба и во посветлка нијанса.
„Некој сум кој сака промени, посебно кога имам најдобар фирзер и кога знам дека тоа ќе испадне феноменално. Кога завршивме ми кажа дека не може да се одлучи која подобро ми стои бидејќи и двете одлично изгледаат. Што вие мислите? 1 или 2?“, напиша таа покрај описот.
Нејзините следбеници и оставија коментари, а некои од нив гласаа дека вториот изглед повеќе им се допаѓа.
Како ви се допаѓа?
фото: Принтскрин/инстаграм/елена миленковска