Радио Милева годишнина од несудениот брак

Емилија Розман се пошегува на својата сметка: „Ако некогаш ви е тешко, сетете се дека помина една година, а јас не се омажив“

Емилија Розман се пошегува на својата сметка: „Ако некогаш ви е тешко, сетете се дека помина една година, а јас не се омажив“

Претходната година како бомба одекна веста дека македонскиот модел односно  Емилија Розман се свршила за момчето Стефан Ангеловски кое го познаваше едвај 24 часа.

Имено,  Емилија тогаш на социјалните мрежи обзнани дека кажала  „да“ на својот партнер кој не го ни познаваше ни еден ден.

Како што откри тие се запознале во ресторан каде што тој работел, а за еден ја запроси и таа прифати.

„Во врска бевме само 24 часа откако Стефан ме побара за жена. Сè се случи со молскавична брзина. Во вторникот со мој другар седев кај него во гостилница, имав пауза од работа. Со другар ми отидовме да јадеме, кога таму влезе Стефан и дојде кај нас на маса да се поздрави, бидејки се познаваа со другар ми. Кога ја пружи раката да се поздрави со мене ја симна маската и кога му ја видов насмевката веднаш паднав. Се договоривме да одиме утредента, во средата во Охрид. На пат за Охрид, како што се возевме, ми рече: „Сакаш ли да одиме во матично?“ Јас реков – зошто да не. Ама ова беше заљубување до даска, 200 посто и тој и јас. Во Охрид сакавме да направиме матично, покрај езеро. Но, не нѝ успеа бидејки Стефан немаше извод. Кога се вративме во Скопје предложи да одиме на Козјак. По пат почна да се шегува со мене, дека наводно се предомислил. Кога стасавме таму, додека да се свртам тој веќе беше клекнат на колена со прстен во раце. Секако реков – да“, изјави Розман за македонските портали.

Додека многумина ја очекуваа свадбата на Стефан и Розман, наместо свадбени ѕвона пукна тиквата.

Имено, љубовта на прв поглед не им траеше долго. По неколку недели, тогаш вљубената двојка ја раскина свршувачката велејќи дека  нивната одлука била избрзана.

Емилија Розман се разведе: Се омажи за момче што го познаваше едвај 24 часа, а се разведоа по брак од само неколку недели! – Вистина.мк (vistina.com.mk)

Отогаш моделот на социјалните мрежи често знае да објави шега на своја сметка. Така беше и овојпат, кога на една година од денот кога беше побарена за сопруга се пошегува.

Имено, на „Инстаграм“, ја потсети дека претходната на тој ден била запросена, а по тој повод таа го сподели сеќавањето, а во описот напиша:

„Ако некогаш ви е тешко во животот, сетете се дека една година помина, а јас се уште се немам омажено“, напиша на Инстаграм стори.

Инаку, пред некое време таа објави фотографија на која се држи за стомаче, а како што обзнани е во третиот месец од бременоста и очекува близнаци.

Емилија Розман чека не едно туку две бебиња одеднаш (фото) – Вистина.мк (vistina.com.mk)

Како и да е, се надеваме дека манекенката ќе ја најде, ако веќе не ја пронашла љубовта на својот живот.

To top