Сузана Гавазова заедно со нејзината фамилија замина од Македонија. Пејачката реши да одмара на море, каде ужива во убавините на летото, избегнувајќи ги пеколните горештини.
А кога гавазова ќе реши да ужива, во нејзиното уживање уживаат и сите други, зашто пејачката несебично ги споделува моменетите на убавина и опуштање кои се свежи, на социјалните мрежи.
Најпрвин со не во утринскиот „појадок со поглед“ на свеж морски воздух уживаше и самата таа, заедно со нејзините две „кукчлички“, двете прекрасни ќеркички, на кои мама Сузе ги научила дека појадокот е најважниот оброк во денот.
Затоа, за да се има поголема сила добро да се плива и што поголема кондиција треба обилно да се појадува.
Откако појадокот заврши, а рум сервисот ги собра чиниите, дојде време за проверка на линијата и убавината.
И додека остатокот од семејството се подготвуваше за на плажа, пејачката одново излезе на хотелската тераса, овој пат сама, па „ги прошета“ бујните гради, патем и го овековечи моментот со селфи видео клипче.
Колку за да го потврди телесниот раскош и својата убавина, но и онаа на природата во околината во која ужива Сузана Гавазова. Сепак, видео панорамата на морската шир, ја засени „слаткиот немир“ од погледот на бујната предница на расната струмичка убавица!
Прилично впечатлива е и утринската прошетка низ базенот, глетка со која Гавазова ќе ви го разубави денот…
Особено моментот кога пејачката ќе ви го заврти грбот… Поза со поглед одзади, со која Сузето ќе ве почести… Се разбира само визуелно, но сепак…
„Очи полни еротска убавина“ од Сузана Гавазова, која несебично покажа дека знае како да ужива. Таа во летото, вие во погледот на неа!
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм принтскрин/suzanagavazova