Пред две години со својот моќен вокал и талент, малата кумановка Мартија Станојковиќ го воодушеви жирито во регионалното музичко шоу „Пинкови ѕвездички“.
Како времето си минува , Мартија не го заборава ова шоу кое и донесе регионална популарност, која не чекаше многу за да ја искористи и да почне да снима сопствени песни.
Освен тоа што е музички активна, Мартија доста работи и на физичкиот изглед. Па така, таа повеќе не е она малечко девојченце, туку вистинска девојка која почна да се шминка, да носи тесна гардероба и да позира како вистински модел.
На нејзиниот профил на Инстаграм постојано има нови следбеници кои ја поддржуваат и мотивираат да продолжи во тоа темпо, а ние силно веруваме дека Матрија е голема музичка надеж на домашното забавно небо. Еве како изгледа денес: